МИСЛА
“ Умеењето да се ужива во животот и да се радува на домот и малите нешта во него е смислата на животот. ”
ЗА НАС
Градба Јасен од Прилеп беше и сеуште е една од позначајните фирми за трговија на големо и мало со градежни материјали, градба на објекти за домување и работење, и за производство на градежни материјали во Република Македонија.
ПОЧЕТОЦИ
Фирмата е основана во почетокот на месец Февруари 1990 година и е регистрирана со цел промет со градежни материјали, огрев и железарија. Стоките кои ги нудиме се со проверен квалитет од познати и признати производители во земјата и странство. Како плод на долгогодишно успешно работење Градба Јасен има склучено договори од посебен ексклузивитет од повеќе фирми.
стоваришта
производи и артикли
ИСТОРИЈА
ЗАСТАПНИШТВА
Со добивање на правото за застапување и продажба на светски познатиот материјал Ytong, Градба Јасен направи чекор напред, докажувајќи се како градежник со овој висококвалитетен производ. Во Република Македонија изградени се доста објекти: станбени згради, деловни простории, магацински простори во Прилеп, Битола, Охрид, Скопје и други градови.
генерални застапништва
производи и артикли
ОБЈЕКТИ
Градба Јасен направи чекор напред докажуваjќи се како градежник со овој висококвалитетен производ. Во Р.М. изградени се доста објекти: станбени згради, деловни простории, магацински простори за кои инвеститорите од Прилеп, Битола, Охрид, Скопје и други градови позитивно се изјаснија. Градба Јасен се вклучи и во изведување на енергетски ефикасни објекти, од проект до целосна изведба, вклучувајќи ги најсовремените материјали. Покрај изградба на нови објекти Градба Јасен врши санација, реконструкција и доградба на стари загради и други објекти. Градба Јасен се специјализира за изработка на базени, комплет во сите видови и форми. Во 2008 година Градба Јасен го изработи и првиот објект целосно со природен камен.
изведени проекти
висококатници
ЕНТЕРИЕРИ
Во делот на внатрешното уредување Ригипс и Кнауф плочите најдоа извонредна примена во ентериерното уредување на просторот.
Со сувата градба-монтажа, лесно и брзо се доаѓа до бараниот ефект. Исто така паралелно екипите на Градба Јасен монтираат парно греење, одвод, довод, соларни системи, електрични инсталации и врши екстериерно уредување на фасади дворови и сл. Градба Јасен за решавање на сите зададени ексериерни и ентериери задачи користи високостручни кадри дизајнери и архитекти како свои стручни соработници.ДЕЈНОСТ
Градба Јасен ги носи и имплементира новостите од градежништвото во овие простори и преку своите дистрибутери во целиот регион успева да го подигни квалитетот на живеење на луѓето
ТРГОВИЈА
Трговија на големо Градба Јасен, увезува голем број на на производи
од повеќе земји од регионот и пошироко, како што се
Р.Србија, Р.Бугарија, Р.Грција, Р.Хрватска, Р.Словенија,
Р.Турција, Р.Италија и Р.Австрија. Исто така преку своите дистрибутери во Република Македонија продава на големо и производи од многу македонски производители.
Дел од производите кои што ги извезува Градба Јасен се и природните материјали како што се каменот, мермерот, гранитот, ониксот, травертинот и др.
Трговија на мало Градба Јасен во своите стоваришта
за градежни материјали на своите купувачи им нуди преку
1000 видови на производи, почнуваќи од грубата градба
како што се цемент, блокови,граѓа, ќерамиди и сл.,
па до завршни работи во градежништвото, како што се бои, лакови, врати, прозори и сл.
Во својот асортиман Градба Јасен ги има сите видови на потребни градежни машини и алати.
СОРАБОТКА
Сакате да соработувате со нас? Слободно контактирајте не!
ГРАДЕЖНИШТВО
Градба Јасен е докажан градежник. Со стручноста на своите градежни екипи составени од професионално обучени луѓе успешно гради, уредува ентериери и екстериери , за кои завршени работи инвеститорите позитивно се изјаснуваат. Со воведување на новиот производ YTONG во 1997 година, се јави потреба од едуцирање на градежниците со овој квалитетен производ. За таа цел се формираа градежни групи кои вршат обука и монтажа за што полесно доближување на овој производ до крајниот потрошувач. Градба Јасен до ден денес е лидер во едуцирање на градежниците за вградување на нови и модерни производи.
НЕДВИЖНОСТИ
Со развитокот на Градба Јасен се појави потреба и од помош на купувачите при купување на недвижности. За таа цел се формира оддел за недвижности со што повеќекратно им се помага на луѓето при нивната желба за купување и продавање на недвижностите. Проценуваќи ги правилно потребите и желбите на своите коминтенти, стручните лица за ова област во Градба Јасен им помагаат при одлуката со помалку средства да се добие подобар и поголем простор за живеење.
ТРАНСПОРТ
За потребите на своите купувачи Градба Јасен врши транспорт на сите видови на градежни материјали, како на големо до своите дистрибутери, така и на мало до крајниот потрошувач. Транспортот се врши со свои транспортни средства, а по потреба во зависност од обемот се ангажираат и други транспортни фирми.
ПРОИЗВОДСТВО
Согледувајќи ја потребата од некои видови на градежни производи Градба Јасен произведува повеќе видови на градежни производи и тоа, бехатон плочки, бетонски стубчина и други бетонски фабрикати. За своите потреби при изведувањето на градежните објекти Градба Јасен произведува и други видови на градежни производи.
СТРУКТУРА
Градба Јасен во својата структура на вработени и лица кои како надворешни соработници се ангажираат, ги има сите потребни кадри да можи да одговори на предизвиците на современото градење и пред се современото живеење.
ВРАБОТЕНИ
Во Градба Јасен се вработени кадри потребни за обавување на дејности, како што се економисти, правници, дизајнери, архитекти, гредежни инжинери Фирмата има и лица како помошен персонал се со цел купувачот биде задоволен и остани наш верен пријател.
СТАНИ ДЕЛ ОД НАС
Сакате да работите за нас? Слободно контактирајте не!
ПАРТНЕРИ
Градба Јасен има голем број на партнери, со кои соработува повеќе од 20 години и тоа како добавувачи и како купувачи.