YTONG - БЛОКОВИ
Блоковите Ytong се со бела боја и се состојат од вар, песок и вода,
а во себе содржат и цементна сврзувачка материја.
Калциум силикатните блокови – Ytong имаат многу долга историја на употреба во светот, уште од 1881. година, меѓутоа овој вид градежен материјал во нашата земја почнал да се продава и вградува кон крајот на деведесттите години.
КАРАКТЕРИСТИКИ
Извонредни карактеристики на блоковите и тулите Ytong се високата способност за одржување на топлината, големата носечка способност и изолација од врева. Што се однесува до порозните бетонски блокови, почнале да се произведуваат пред 80 години во Јужна Шведска во време кога суровините беа дефицитарни,и во тоа време се произведуваа под име ’’Yxhult Anghaerdade Gasbetong’’, меѓутоа, подоцна името на брендот е сменето во Ytong, а тоа е веќе познато во целиот свет.
YTONG ПРОИЗВОДИ
БЛОКОВИ ЗА ЅИДОВИ ОД ГАСБЕТОН
Основните димензии на блоковите се со должина 60 cm и висина 25 cm. Овие димензии се еднакви за сите блокови. Променлива е само нивната дебелина во границите од 5 до 35 cm. За ѕидање на 1m2 секогаш се потребни 6.67 блокови, независно од дебелината.
Блоковите со дебелина о 100 до 350mm се произведуваат во 2 различни вида-мазни и N+F
3 ТИПА НА БЛОКОВИ
Блоковите се произведуваат во следните 3 типа во зависност од јачината и нивната волуменска тежина:
B 2,5/D500 - класа на густина 500 kg/m3; класа на јачина 2,5 МРа; коефициент на топлинска преносливост на ѕидот λ = 0,16 W/mK
B 5,0/D600 - класа на густина 600 kg/m3; класа на јачина 5,0 МРа; (За носечки ѕидови и ѕидани серклажи против земјотреси); коефициент на топлинска преносливост на ѕидот λ = 0,19 W/mK
B 5,0/D700 - класа на густина 700 kg/m3; класа на јачина 5,0 МРа. (со зголемена способност за звучна изолација) B 5,0/D600 и B
5,0/D700 - се произведуваат само со претходна порачка на клиентот.
Димензиите 20, 25, 30 и 35cm се користат за ѕидање на надворешни ѕидови. 20 и 25cm се погодни за незагреани згради или за згради што се населуваат сезонски, во нив се вклучени и земјоделски згради.
Блокови со дебелина од 10 до 25 cm се погодни за преградни ѕидови – во самото живеалиште или помеѓу одделните станови.
Дебелините 5, 7.5 и 10 cm се кори- стат за обложување на постоечки или новоизградени ѕидови со цел зголемување на способноста за топлинска изолација.
БЛОКОВИ ЗА ЅИДАЊЕ
ПЕРО И ЖЛЕБ N+F
Блоковите за ѕидање со перо и жлеб N+F се произведуваат со дебелини од 100 до 350 mmи се со иста јакост и маса на волумен, како и глатките блокови од автоклавен гасбетон.Од едната страна на секој блок има вертикални вдлабнатини-жлебови,а од другата страна се профилирани испакнати ленти,преку кои соседните блокови се приклучуваат еден кон друг. При тоа не е потребно да се нанесува лепилен раствор на вертикалната фуга.
Со правилна употреба на овој тип на блокови се заштедува околу 25% од лепливиот раствор и од 10 до 15% од времето за ѕидање.
БЛОКОВИ ВО "U" ФОРМА
ЛАЧНИ БЛОКОВИ
Се користат за изработка на армирани бетонски серклажи – без оплата, претходно блоковите се редат еден до друг по должина на ѕидовите на одредена висина.Со помош на блоковите YTONG во форма на„U“ се олеснува изведбата на греди над врати и прозорци.
Се користат за ѕидање на ѕидови, по круг. Ознака на лачните блокови ДБ • d=200, 250 и 300 mm - дебелина на ѕидот
• r = внатрешен радиус на ѕидот
• h = 250 mm – висина на блокот
• α = во степени – центра- лен агол на сводот на еден блок
БЛОКОВИ МЛАДОСТ ЛЕСКОВАЦ
Блоковите за ѕидање и за меѓуспратните конструкции се произведуваат во
фабриките ИГМ МЛАДОСТ- РАД Власотинце и ИГМ МЛАДОСТ- ТМП Мала Плана.
Благодарејќи им на големите инвестирачки вложувања во новата опрема и технологија со
веќе добро познатата и квалитетна суровина, добиени се разновидни производи.
КАРАКТЕРИСТИКИ
Програмата на блокови од Младост Лесковац содржи производи со разни видови на димензии кои што овозможуваат разновидна градба која што подразбира:
- Eкономична и брза изградба,
- Добра звучна изолација која што овозможува мирен и пријатен престој,
- Добра притисна цврстина,
- Природен и еколошки здрав производ,
- Eколошката технологија осигурува заштита на околината,
- Добра акумулација на топлина,
- Oтпорност на пожари,
- Постојаната интерна контрола на квалитетот и сертификатите од домашните и странските институти се гаранција за константниот квалитет
ПРОИЗВОДИ
ГИТЕР ЦИГЛА
ГИТЕР 5
ТЕРМО БЛОК
БЛОК 5
БЛОК 25
ГАРАНЦИЈА НА КВАЛИТЕТ
Kaкo гаранција на квалитетот, покрај секојдневната интерна контрола во лабораториите на нашите фабрики, сите производи поседуваат сертификати за квалитет издадени од страна на eвропски признатите институти. Исто така, сите производи CE знак (Директива на ЕУ за градежни производи 89/106/EEC) издаден од страна на CIES Институтот од Стара Загора, Бугарија кој што е овластено тело од страна на ЕУ за тестирање и сертификација на производите по стандардите на ЕУ.
БЛОКОВИ - ДВОЈНО ПЕЧЕНИ
100 годишното искуство и постојаните истражувања, доведоа до создавање
на еднанова и современа фабрика. Компанијата - Тзитзиклис - компанија семеен бизнис,
произведува врз основа на традицијата на керамичките производи.
Нашиот асортиман на производи се состои од 4 главни категории:
јака цигла, подни плочки, византиска ќерамида погодна за цркви
цигли и плочки рачно изработени за санација на згради.
КАРАКТЕРИСТИКИ
Нивната површина не бара никаква дополнителна завршна обработка и заштита додека големиот избор на големини и модели помага во создавањето на извонреден амбиент давајќи му посебен карактер на вашиот простор.Високата механичка издржливост на мраз, а и на температурните промени ги прават погодни за надворешни и внатрешни простории.
ПРОИЗВОДИ
ПОЛНА ТУЛА
коцка керамичка
полна тула
ДЕЛЛИВА
ЦИГЛА
деллива цигла
ДЕКОРАТИВНИ
ПРОИЗВОДИ
елемент за ограда
РАЗНО ИЗРАБOТЕНИ ЕЛЕМЕНТИ
цигла
БЛОКОВИ СО
ШУПЛИНА
блок со шуплина
ФАСАДНИ
ЕЛЕМЕНТИ
плочки
ПОСЕБНИ ПРОИЗВОДИ
Примаме исто така и специјални порачки на посебни површини по ваша желба.
Донесете го вашиот примерок да го направиме производ. Можеме и сакаме да направиме. Секоја ваша желба е стварност.